Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска: “Без разлика од исходот на референдумот, јас нема да притиснам зелено копче за промена на Уставот”

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Јовановска – Стојановска во гостувањето во емисијата „Референдум“ на МТВ телевизија вели дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на влезот во ЕУ и НАТО е јасен и тоа стои во статутот на партијата.

„Проблемот е во капитуланскиот договор. Не може да ми биде пријател оној што ме поништува. Овој договор ќе го поништи постоењето на Република Македонија, договор со кој и се дозволува мешање на Република Грција во внатрешните работи. Договор во кој што нашата страна има се прифатено само да се реши спорот.ВМРО-ДПМНЕ не го кочи процесот за влез во ЕУ и НАТО. Консезуално седнавме и ги гласавме реформските закони, но меѓутоа во однос на ова прашање не може СДСМ во нас да бара соучешништво за утре да ја делиме одговорноста“, рече Стојановска.

Стојановска уште еднаш повтори дека ВМРО-ДПМНЕ не е против влез во ЕУ туку е против овој договор. Таа додаде дека ВМРО-ДПМНЕ си води своја кампања, оди кај своето членство, од врата на врата и за разлика од СДСМ не води скапа кампања. Таа на крај додаде дека во целата оваа работа испуштен е еден збор и треба на слоганот кој цело време го користат СДСМ да се додаде Европска Северна Македонија.

“Јас како Дафина Стојаноска без разлика на исходот од референдумот нема да притиснам зелено копче за промена на Уставот во Собрание”, порача кон крајот на емисијата пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Гостивар.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.