Пратениците од влacта избpaa пензионерите да бидат доведени до раб на сиромаштија, предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за покачување на пензиите не помина (Видео)

„Денеска како предлог имаме предлог закон за дополнување на Законот за пензиско инвалидско осигурување во скратена постапка. Имено ако ги оцениме состојбите од областа која што треба да се уреди со предлог измените и причините за донесување на законот, ќе видиме дека со законот за пензиско инвалидско осигурување се уредува задолжителното пензиско инвалидско осигурување, опфатот на осигурениците и правата кои се остваруваат од ова осигурување, матичната евиденција на осигурениците и корисниците на правата од пензиско инвалидско осигурување, основите на капитално пензиско осигурување како и потребните услови под кои одделни категории на осигуреници ги остваруваат правата на пензиско инвалидско осигурување.

Имајќи в предвид дека во изминатиот период имаше појава на пораст на цените на одделни производи и електрична енергија кои се од витално значење за оваа категорија на граѓани има влијание и на животниот стандард на истите се наметна потребата на зголемување на старосната пензија, но и на сите останати видови на пензија од месец април 2022 година.

Секој пензионер има право да живее пристојно со доволно средства за да ги подмири основните трошоци за храна, лекови, греење итн. Со растот на минималната треба соодветно да растат и пензиите“, истакна Миле Лефков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ на денешната собраниска седница.

Лефков додаде дека потребно е обезбедување на рамноправност и безбедност на пензионерите со сите останати граѓани.

„Генерациска должност е да се грижиме за повозрасните и да ги почитуваме повозрасните граѓани кои во еден период допринесувале за државата со својот труд, за што и треба да им бидеме благодарни“, потенцира Лефков.

Лефков од собраниската говорница побара да се прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за предлог закон за дополнување на Законот за пензиско инвалидско осигурување во скратена постапка со цел да се зголемат и пензиите на пензионерите бидејќи имаат право на достоинствен живот. Но, сепак пратениците од редовите на СДСМ и ДУИ го одбија предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со што гласаа против предлог закон за дополнување на Законот за пензиско инвалидско осигурување во скратена постапка. Лажната грижа на пратениците од редовите на СДСМ и ДУИ уште еднаш излезе на виделина и се докажа дека единствено се грижат за своите бизниси и криминали, а не за доброто на граѓаните.

„Доколку не постои зголемување на пензиите, пензионерите ќе бидат доведени до раб на сиромаштија поради неможност да ги подмират основните животни трошоци“, нагласи Лефков, но сепак оваа изјава на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ не допре до пратениците од редовите на СДСМ и ДУИ и го одбија предлогот за покачување на пензиите.

Зголемувањето од 20% на сите пензии не помина во Собранието.

„Висината на пензиите за јануари 2022 година од 11.500 денари земаа пензија 89.174 пензионери. Скоро 90.000 пензионери земаат пензија од 11.500 денари“, рече Лефков.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.