Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ горди на младите македонски фудбалери

Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, со македонскиот дрес на фудбалерите на репрезентацијата на Македонија до 21 година во Собранието на Република Македонија, им го честиташе историскиот пласман на Европското првенство во Полска кој ќе се одржи во 2017 година.

ilija-dimovski-1

Димовски во свое и име на пратениците на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ  им честиташе и ја даде поддршката за младите македонски херои кои гордо ги бранат боите на националниот дрес.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.