Празнична честитка од градоначалникот Јовчески: “Велигден е празник на воскресението, надежта и новиот почеток”

Честитка од градоначаникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, по повод Велигденските празници:

-По повод големиот христијански празник Велигден, дозволете ми во мое лично име и како градоначалник на општина Прилеп, да Ви упатам најсрдечни честитки со искрени желби за здравје, радост, мир и семејна хармонија.

Велигден е празник на воскресението, надежта и новиот почеток. Тој нè потсетува дека после секоја темнина доаѓа светлина, дека добрината, верата и човечноста секогаш имаат сила да победат. Во овие празнични денови, нека нашите домови бидат исполнети со љубов, разбирање и сплотеност.

Нека Велигден нè поттикне да бидеме подобри луѓе, да ги негуваме вредностите на нашата традиција, верата на нашите предци и нашиот македонски идентитет.

Да продолжиме со заедничка сила да го градиме Прилеп како достоинствен и модерен град – со грижа за сите генерации, со почит кон културното наследство и со верба во иднината.

Од срце Ви посакувам празниците да ги поминете во благосостојба и спокој, опкружени со Вашите најблиски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.