Празниците сè уште траат во Порта – викенд исполнет со жива музика и најдобра атмосфера во градот

Иако празничните денови полека се редат зад нас, во Порта ресторан – Прилеп празничната магија сè уште трае. Овој викенд Порта ве кани да уживате во внимателно подготвена музичка програма, топол амбиент и моменти кои се паметат – со жива музика, добра енергија и пријатно друштво.

Викенд програмата започнува вечерва со Модус Бенд – вечер исполнета со енергични настапи, познати хитови и атмосфера што освојува.

Саботата носи двојно уживање:

Дани и Тиана ве канат на нова денска забава со почеток од 13:00 часот, со совршен музички избор за саботно попладне, со нежни вокали и пријатна атмосфера за ручек и дружење.

Саботната вечер Акустико Light Band – вечерна акустична магија, идеална за опуштена, но празнична саботна вечер со квалитетна жива музика.

И за малку ќе заборавевме, за викендот Порта подготви пријатно изненадување за сите вљубеници во добрата капка вино, па друштво ќе ви прават недоливите вкусови од винарија “Тиквеш” по промотивни цени.

Порта и овој викенд останува место каде што музиката, добрата храна и пријатната атмосфера се спојуваат во едно незаборавно доживување. Дозволете си уште еден празничен викенд – затоа што во Порта, празниците не завршуваат, туку продолжуваат со стил.

Резервирајте навреме на тел.бр.078 368 111




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.