Kај параклисот посветен на Св. Трифун кај месноста Склештен мост, во близина на Прилеп, традиционално и оваа година беше одбележан денешниот празник.
Традиционално се закројуваа лозјата, а меѓу големиот број верници присутен беше и градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.
Градоначалникот на домаќините и присутните им го честита празникот посакувајќи им многу здравје, среќа и бериќет. Православниот празник Св. Трифун, светител кај народот е попознат како заштитник на лозарите.На одбележувањето присуствуваа голем број на посетители.