По 6.000 денapи за секое прваче во општина Новаци

Општина Новаци и оваа година доделува еднократна парична помош на семејствата со прваче во висина од 6.000 денари. Целта на овој проект е да се олеснат трошоците на родителите за новиот ученик во семејството.

„На првата седница на новиот Совет на Општина Новаци на мој предлог донесовме одлука паричниот надомест за прваче кој се исплаќа во бруто износ од Буџетот на општината, од 5000 денари да го зголемиме на 6000 денари. На овој начин ги враќаме парите назад кај граѓаните, овозможуваме пријатен почеток на првата учебна година и подобри услови во образовниот процес за секое дете. Иста таква одлука донесовме и за зголемување на паричниот надоместок за новородено дете кое сега е зголемено на 6000 денари “ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Родителите на сите првачиња запишани во ЦОУ „Славко Лумбарковски“ Новаци можат да поднесат барање за еднократната парична помош во висина од 6000 денари. Во ЦОУ „ Славко Лумбарковски “ Новаци во учебната 2021/2022 година се запишаа вкупно 24 првачиња. Досега се исплатени 114 000 денари согласно поднесените барања за 19 првачиња, додека останатите 5 барања треба да се докомплетираат со документација и истите ќе бидат проследени на исплата.

Барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со прваче во учебната 2021/2022 година може да се подигне во општината.Во прилог на барањето потребно е да се достават следните документи:Потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2021/2022 година,извод од матичната книга на родените, копија од лична карта од еден родител и копија од трансакциска сметка од примателот на паричната помош (на еден од родителите/старателите) .

Барањата можат да се поднесат во архивата на Општина Новаци секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.