Црквата Свето Благовештение во Прилеп по 11-ти пат ја организираше хуманитарната акција за Божик со која на 110 социјално загрозени семејства од градот ќе им бидат поделени пакети со прехрамбени производи и средства за лична хигиена – oбјави порталот “Инфо Компас”.
Акцијата ја организираат вработените во црквата кои еве над една деценија функциониираат како неофицијална хуманитарна организација која го носи името на светителот „Свети Никодим Прилепски и Тисмански“,чија икона во 2015 година започна да мироточи токму во црквата Свето Благовештение.
Средствата за оваа акција се собираа од хумани граѓани и верници кои донираа пари во специјалните кутии кои во текот на месец декември беа поставени во сите православни храмови во Прилеп. Во акцијата се вклучи и самата црква.
Вакви акции црквата Свето Благовештение организира два пати во текот на годината, за Божик и Велигден.
Откако беа собрани пакетите кои ќе бидат поделени утре, во знак на благодарност акцијата заврши со пеење на тропарот на Свети Никодим Прилепски и Тисмански пред мироточивата икона.
Видео прилогот погледнете го ТУКА