По 100 евра за Нова година: Ковачевски им вети на пензионерите бакшиш за најлудата ноќ доколку победи на изборите

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска во своето обраќање на Конгресот на политиката ја претстави програма, за која рече дека е на 250 страници.

Тој ветува поголем извоз на земјоделски производи, просечна плата од 1.100 евра, додека пак минималната до 2028 година ќе достигне 600 евра.

„Ќе задоволиме 100 проценти од потребите за електрична енергија од сопствено производство. Ова ветување нема да може никој да го спори. Ние сме тие кои историски направивме најголем прогрес во производството од домашни обновливи извори на енергија. До 2028 ќе имаме 20.000 денари минимална, а просечна пензија од 30.000 денари. Плус од оваа година ќе има новогодишен пакет од 100 евра за пензионерите“, рече Ковачевски.

Како што вели Ковачевски, еден од проектите ќе биде по 200 евра месечно за секое прво вработување на лица до 26 години во првите 12 месеци, а најави и дневен оброк за секој ученик од основно и средно чии родители немаат поголеми плати од просечните.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.