Поранешниот спортски директор на Јувентус, Лучијано Моџи е уверен дека српскиот фудбалер Сергеј Милинковиќ Савиќ ќе премине во редовите на торинскиот великан.
Моџи верува дека играчот за врска на Лацио, за кој се заинтересирани уште и Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Реал Мадрид, заедно со Португалецот Жоао Кансело ќе го облечат дресот на шампионот на Италија.
“На големо се преговара со Лацио за Сергеј. Што се однесува за Кансело ситуацијата е јасна, Јувентус го сака, тој сака, што значи работата е завршена”, рекол Моџи за италијанските медиуми.
Милинковиќ Савиќ после Мундијалот во Русија веројатно ќе ја промени средината, а Лацио за него бара најмалку 100 милиони евра.
Интересно, ако премине во Јувентус ќе стане најскапо платениот фудбалер во италијанската Сериа А.