По расправија избодел свој сограѓанин: На битолчанец му е одреден притвор

На 24.07.2023 во 15.20 часот полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Л.С.(38) од Битола. Тој се сомничи дека околу 15.00 часот на ул.„Сотир Брбевски“ во Битола, поради претходни недоразбирања и по кратка расправија, со остар предмет го нападнал С.С.(53) од Битола и му нанел повреди.

С.С. бил пренесен во Клиничка болница Битола каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

Против приведениот денеска (25.07.2023) е поднесена кривична пријава по чл.131 ст.3 од Кривичниот законик, а од страна на судија на претходна постапка на Л.С. му е одреден притвор во траење од 30 дена – информираат од СВР Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.