По мерак зготвено, за џеб прифатливо – денешно мени на “Инн Кетеринг” во “Форум Маркети”…нема што нема!

Не знаете што за ручек денеска? INN Кетеринг заедно со Форум маркети во Прилеп ви носат богато дневно мени за четврток, 04.12.2025 – со избор за сечиј вкус и џеб.

Денешната понуда традиционални и современи јадења подготвени од свежи и квалитетни состојки: чорбест грав, гравче тавче, ослич, пастрмка, посна тава, питулици со лук, копани, селско месо, пилешко со 4 вида сирење, пилешко во кари сос, похован стек, гулаш и мусака – по пристапни цени за секого.

Со секое јадење добивате и гарнир и салата, вклучени во цената, што значи комплетен, обилен и вкусен оброк без дополнителни трошоци.

Дневното мени е достапно ексклузивно во Форум маркетите – на добро познатите локации:

-Во населба “Точила”
-До фабрика “11-ти Октомври”

Идеално решение кога сакате брз, вкусен и квалитетен ручек!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.