Ова е 20-30 пат како непознати сторители ја вандализираат црквата Св. Никола во прилепското село Дабница
Црквата Св. Никола во Дабница е подигната и живописана во втората половина на XIX век, а е обновена во средината на ХХ век.
Се краде се’ и сешто велат од црковниот одбор и истото се повторува…
Според фотографиите и видеото кои ги добивме сега на мета на крадците била црковната трпезарија.
Прилепчани кои го посетуваат ова свето место и инвестираат во храмот со цел истиот да им служи на граѓаните, апелираат до властите сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата.