Големата дупка која се отвори по земjoтpecoт во Петриња и понатаму се проширува.
Дупката широка 20 метри и длабока најмалку пет метри, конечно е заградена и по геолошките испитувања ќе биде одлучено за евентуална санација, утврдија денес геолозите.
“Станува збор за комбинација на суфузија и распаѓање на варовнички камен под влажната земја. Малите честички се губат и настануваат шуплини, а потpecoт придонел да се создаде вака голема дупка”, вели Јосип Терзиќ, началник за хидрогеологија и инженерска геологија на Хрварскиот геолошки институт.