По втор пат во Прилеп ќе се одржи “downhill” велосипедска трка

SAMSUNG CAMERA PICTURES

На месноста „Топташ“ кај Прилеп од 22 до 23 април по втор пат ќе се одржи downhill велосипедската трка. Оваа трка е во организација на подмладокот на клубот за екстремни спортови „Skyriders“ од Прилеп. Downhill е вид на спорт со велосипеди кој кај нас моментално сеуште е во развиток. Тој се одвива на планини, односно велосипедистите не се качуваат нагоре со велосипедите туку се спуштаат само надолу по планините, со екстремни скокови, по доста тешки терени и секции. Оние кои се занимаваат со овој спорт велат дека тој е доста ризичен и дека неможе секој да се занимава со него.

SAMSUNG CAMERA PICTURES

SAMSUNG CAMERA PICTURES

„Се очекува на оваа трка да присуствуваат 60-тина натпреварувачи од Македонија, Србија, Црна Гора и Бугарија. Се надеваме на добро време, добра организација и пред се добра забава. Редовно ја подготвуваме стазата и се надеваме дека за брзо време таа ќе биде и готова, затоа што за разлика од лани имаме и некои нови делови. Минатата година таа беше долга 2 км. а годинава нејзината должина изнесува 2,7 км.“, рече Илија Ангелески, член на клубот за екстремни спортови „Skyriders“ од Прилеп.

SAMSUNG CAMERA PICTURES

Оваа секција за downhill на клубот за екстремни спортови „Skyriders“ од Прилеп брои 10 членови и постои од лани кога ја организираше и првата ваква трка. Годинава разликата е што овој настан добива и меѓународен карактер и тој ќе претставува уште еден екстремен спорт кој полека ќе започне да се развива во Прилеп, покрај болдерингот, параглајдерстовото, планинскиот велосипедизам, планинскиот ултра маратон, мото крос трките и трофито со џипови.

_MG_8781

„Денеска поразговаравме со подмладокот на клубот за екстремни спортови „Skyriders“ од Прилеп за еден доста атрактивен и адреналински спорт downhill. Лани прв пат беше организирана ваква трка, годинава таа добива и меѓународна димензија и оваа downhill трка на „Топташ“ ќе се вброи во големиот број на екстремни спортови кои се одвиваат во текот на годината во Прилеп. Нашиот град претставува центар за равој на екстремните спортови и развојот на сите овие нови атрактивни и екстремни дисциплини ќе биде приоритет на општина Прилеп. Исто така со клубот разговаравме заедно за средување на патеката и ние како локална самоуправа ќе помогнеме околу тоа“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

_MG_8766

_MG_8762

_MG_8742

Организацијата на оваа трка инаку произлезе како предог на клубот за екстремни спортови „Skyriders“ од Прилеп, на „Денот на идеи“, кој го организира Општина Прилеп.

SAMSUNG CAMERA PICTURES

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.