Вечерва со почеток од 20:00 часот во големата сала на старата општинска зграда во Прилеп, гостува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Од партијата ги информираат сите членови, симпатизери, но и секој граѓанин кој е разочаран од политиките на актуелната влада, да присуствуваат и да слушнат директно од лидерот на партијата за моменталните и идни чекори на партијата.
Се очекува Мицкоски да ги повика прилепчани масовно да присуствуваат на најавениот протестен собир во сабота со почеток од 20 часот пред Владата на Република Македонија.