Почна предреферендумскиот молк

Од полноќ започна молкот за референдумот што ќе се одржи в недела на 30 септември.

Вчера завршија сите активности на учесниците во кампањата.

Според Роковникот на ДИК молкот пред референдумот почнува 48 часа пред одржувањето на референдумот.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги извести дека кампањата „Твој став, твое право“ на Државната изборна комисија, како кампања од јавен интерес не спаѓа во јавната пропаганда за референдумот и може да се емитува и во петок и во сабота иако веќе ќе биде молк пред референдум.

Според одлуката донесена од страна на Собранието на Република Македонија, прашањето за референдумот ќе гласи: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?“

Референдумот ќе го надгледуваат околу десет илјади македонски и речиси 500 странски набљудувачи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.