Министерот Матео Салвини на прес конференција ги презентираше денеска своите приоритети во борбата против мафијата, за наеднаш да скокне во базенот на вилата во Тоскана , што ја конфискувала полицијата од еден мафијаш. Вилата била запленета од мафијашот во 2007 година по 24 години правна процедура , за потоа да биде претворена во луксузен хотел.
Партијата Лига на Салвини , која ги доби гласовите на ланските избори преку ветувањата за борба со организираниот криминал , годинава немаше ниту збор за ова ветување .
Затоа денеска Салвини високо на своите приоритети ја стави борбата против мафијата ,, Мораме овие господа да ги оставиме само во долна облека .”рече министерот од базенот.