Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 26 март извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, сигурносен појас…
Притоа, контролирани се вкупно 356 возила и возачи и било констатирано дека 18 возачи ја надминале дозволената брзина, шест возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле две возила, на мобилен телефон разговарале тројца возачи сигурносен појас не користеле дваjца возачи.
Исто така издадени се вкупно 11 мандатни платни налози за неправилно паркирање.