Почина уште еден легендарен балкански актер

vlastimir-dzuza

Легендарниот српски актер Властимир Џуза Стојилковиќ (85) почина во средата по долгата болест, пренесува српски „Блиц“.

Тој минатата година доживеа мозочен удар, а неодамна беше префрлен на Клиниката за инфективни и тропски заболувања во Белград поради инфекција.

Актерот почина во среда вечерта, а имаше бактерија клостридија поради која здравствената состојба му била влошена, изјавиле од Клиничкиот центар.

Роден е на 30 јуни 1929 година во Ражањ во источна Србија, а со актерство почнал да се занимава аматерски уште од средношколските денови, за професионалната кариера да ја започне 1951 година во белградскиот дамски театар.

Џуза одигра бројни улоги во театарот, на филм и телевизија, а веројатно е најпозат по улогата на Родољуб од културната југословенска телевизиска серија „Позориште у кучи“

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.