Почина Тале Герамитчиоски, поранешен заменик-министер за образование и пратеник.
Според информациите, починал од компликации од виpycoт Koвид-19.
Тој беше заменик-министер за образование во периодот од 2002 до 2006 и пратеник 2006-2008, истакнат член на СДСМ и посветен работник во науката.
Герамитчиоски е роден во Прилеп во 1962 година. Дипломирал на Машинскиот факултет во Скопје, а работеше како редовен професор на Техничкиот факултет на битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“.
Прилеп е една од најпогодените општини од почетокот на епидемијата на ковид-19. Според вчерашната ковид-статистика на Министерството за здравство, од почетокот на епидемијата таму се регистрирани 6 529 случаи, од кои 940 се активни, со што, од градовите во внатрешноста, Прилеп е прв според бројките на заразени. Од вкупно 457 нови случаи во текот на вчерашниот ден, 32 се регистрирани во Прилеп, од каде што се и шестмина од вкупно 30 починати.