Почина новинарот Саше Димовски кој во јавноста беше познат по следењето на случувањата во правосудниот систем. Димовски почина на 47 годишна возраст по долги и тешки здравствени компликации.
Беше претседател на Совет на чест на ЗНМ, а неодамна беше именуван во Комисијата за помилување на претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Работниот век го помина во Канал 5, Сител, Алфа ТВ, основач е на svedok.mk, а беше соработник во повеќе медиуми во областа на правосудството. Автор на голем број публикации од областа на правосудството и медиумите.
„Најголем правник меѓу новинарите, најголем новинар меѓу правниците“, велат за него.
Погребот ќе се изврши во среда, 7.8.2024, на новите Градски гробишта во Велес.