По повод 8-ми Септември – Денот на независноста на Република Македонија, денеска во 18:30 часот од касарната „Илинден“ во Скопје, ќе се изврши почесна артилериска стрелба со испукување на 10 плотуни од артилериски орудија од страна на единица на артилерискиот баталјон на АРМ.
Почесната артилериска стрелба е врз основа на одредбите од Законот за празници и член 1 од Законот за изменување на законот за празниците на Република Македонија, како и точка 42 од Правилото за воен протокол на АРМ, информираат од прес-службата на ГШ на АРМ.