“Русите не’ потсетуваат на човечки битија. Тие се направени од железо, не знаат за умор и не знаат за страв. Физички и психички, еден руски војник е посилен од цела наша единица”.
“Не татко, Бог не постои, можеби го има во твоите псалми и молитви, во мислите на свештенците и црковните ѕвона, но во Сталинград го нема. До пред малку седев во подрумот, палев нечиј намештај со само 26 години, извикувајќи “Хајл Хитлер”, а сега или ќе умрам или ќе завршам во Сибир”.
“Сталинград е одлична лекција за германскиот народ. Штета е што оние кои ќе ја научат лекцијата нема да можат да го искористат тоа знаење во својот иден живот”.
“Руските снајперисти и војници со противтенковско оружје се сигурно апостолите божји. Тие лежат и чекаат на нас и по ноќ и по ден и никогаш не промашуваат. За 58 дена спроведовме само една рација, итоа залудно. Никој од нас нема да се врати во Германија, освен ако се случи некое чудо, а јас веќе не верувам во чуда. Времето е на руска страна.“
“Разговарав со главниот наредник. Тој рече дека бобата во Франција е многу полоша од овде, но почиста.
Французите се предале кога сфатиле дека понатамошниот отпор е безкорисен. Русите продолжуваат да се борат без оглед на се’. Во Франција и Полска одамна би се предале, рече наредникот, но Русите и понатаму се борат”.
“Сакана моја Цила. Искрено речено, ова е чудно писмо и никогаш не сакав да ти го испратам по пошта. Затоа одлучив да го испратам преку мојот ранет пријател Fric Cauber. Секој ден ни носи големи жртви. Ги губиме нашите браќа и сеуште не можеме да го видеме крајот на оваа војна. Веројатно нема ни да го дочекам. Не знам што ќе биде со мене утре, веќе ја изгубив целата надеж дека ќе се вратам жив и здрав. Мислам дека сите германски војници ќе ја дочекаат судбината овде. Овие снежни бури и огромни полиња прекриени со снег, внесуваат во мене смртоносен страв. Невозможно е да се победи Русија”.
“Верував дека војната ќе заврши до крајот на годината, но како што можеш да видиш, не сме пресметале добро кога е во прашање Русија “.
“Се наоѓаме на 90км од Москва, а тоа не чинеше голем број жртви. Русите сеуште даваат голем отпор пред Москва… Додека не дојдеме до Москва, уште многу ќе загинат. Во оваа кампања многумина зажалија што Русија не е Полска или Франција и што Русите се најмоќни непријатели на кои сме наишле. Ако мораме да останеме овде уште 6 месеци, црно ни се пишува “.
“Русите жестоко се борат за секоја педа нивна земја. Никогаш не сме учевствувале во толку жестока борба и веројатно многу од нас веќе нема да го видат своите најблиски”.
“Во Русија сум повеќе од 3 месеци и веќе имам видено многу. Да, драги брате, душата се симнува во петите кога се наоѓаш на околу 100 метри од овие проклети Руси”.
Oд дневникот на командантот на 25-та армија под генералот Ginter Blumetrito.
“Многу од нашите лидери во голема мера го потценија новиот непријател. Тоа се случи затоа што не го познаваа ниту рускиот народ, ниту руските војници. Некои од нашите генерали за време на Првата светска војна се бореле само на запад, а со истокот немале допир, така да немале поима за географските предели на Русија. Дури и кога се целосно под опсада, Русите не се повлекуваат од своите позиции “.
A.Г.