Потресна исповед на Гоца Тржан: Член од бендот се обиде да ме силува

thumb460105527capture-20170216-153141

Пејачката Гоца Тржан ја шокираше јавноста со изјавата дека на свои 18 години доживеала непријатно искуство кога еден член од еден рок бенд се обидел да ја силува. Непријатното искуство кое го доживеала Гоца Тржан се случило во Зајачар, но смета дека тоа  е само нејзинна работа со која успеала да се избори.

– Имав тoгаш 18 години и немам со тоа никаков проблем, бидејќи секоја жена имала на некој начин такво непријатно искуство, рекла Гоца.

Сепак, можеби најшокантниот факт е дека се обидел да ја присили на секс маж кој многу добро го познавала.

– Тоа секогаш се случува со луѓето кои ги познавате и во кој имате доверба. Тој е дел од минатото и не сакам да зборувам на телевизија, но научив да се изборам со тоа, рекла пејачката.

Таа им дава совет на девојките кои се сликаат полуголи за на Инстаграм

– Драги мои дами, сите вие кои сакате да се сликате на Инстаграм премногу слободно и сите девојки кои полуголи се на сликите, знајте дека сето тоа е опасно бидејќи постојат таму некаде предатори кои вас ќе ве сфатат премногу сериозно и кои ќе имаат потреба вас просто да ве злоупотребат и затоа треба да се внимава во животот, рекла Гоца Тржан.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.