Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со евроамбасадорот, Михалис Рокас, Еридана Чано, генерален директор на SASPAC, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески, во Охрид го означија почетокот на два нови прекугранични проекти со Албанија, одобрени во рамките на првиот повик на ИПА III програмата.
Вкупна вредност на двата проекта: 1.629.204 евра. Министерството за локална самоуправа обезбедува 15% национално кофинансирање за:
-Проектот „Волонтери во акција за безбедност на луѓето и заштита на природата“ кој е во рамките на тематски приоритет 1 – Заштита на животната средина и подигнување на отпорноста на регионот, и
-Проектот „Крушево и Елбасан – патување низ природата и авантурата“ кој е во рамките на тематски приоритет 2 – Развој на одржлив туризам и заштита на природното и културното наследство.
Покрај тоа, потпишан е Договорот за техничка помош за Програмата за прекугранична соработка со Албанија во висина од 500.000 евра.
На настанот свое обраќање имаше и градоначалникот на Крушево, Нико Чонески, кој истакна дека проектот што го потпиша во име на општина Крушево, ќе придонесе за развој на природниот и авантуристичкиот туризам и зајакнување на соработката меѓу Крушево и Елбасан.


























