Без притисоци и списоци, без телфонски повици и без сендвичи и комбиња…. Ова се двајцата кандидати кои во рекорден број ги собраа потребните потписи и влегуваат во изборната кампања. А како што е ред, политичката битка ќе ја започнат од Прилеп, градот каде се кршат копјата и кој одлучува за победникот на секои избори.
Бојан Велевски и Марјан Георгиевски го започнуваат својот предизборен караван од градот под Марковите Кули со урнебесна стенд ап претстава во која ќе уживаат сите. Друштво ќе им прави Игор Стојанов а.к.а Баркли, а двајцата кандидати ќе ги претстават програмите на партиите “Ќе биди” и “Ќе средиме”.
Митинзите, како што ги нарекоа, се во сите поголеми градови низ државата, а темата на шоуто е предизборната кампања, македонското општество и менталитет и политичка култура.
Текстот “МОЖЕВМЕ (мало сутра) е на маестрото за политички хумор Божидар Божиновски, кој се покажа како добитна комбинација на минатата турнеја со Бојан Велевски.
Премиерата е закажана за 13. март во Центарот за култура “Марко Цепенков”, со почеток од 19часот, а картите традиционално се во продажба во “АРТ Kафе Апореа” по 400 ден. До овој момент половина од салата е распродадена. Па затоа побрзајте и час поскоро приклучете се на овој предизборен караван, затоа што ова е единствениот митиг на кој нема со сила да ракоплескате!
Влезот е без пасош, по моделот еден плус тројца неопределени!