ПОТВРДЕНА СМРТТА НА МАКЕДОНКАТА

Обединетите нации официјално потврдија дека македонската државјанка Анита Андреевска Митровска е една од жртвите во терористичкиот напад во предградието на главниот град на Брегот на Слоновата коска Абиџан.

anita_napad_teroristicki_afrika

– Мисијата на ОН во Брегот на слоновата коска и програмата на ОН за волонтери со жалење известува за смртта на волонтерката на ОН која служеше како цивилен персонал во инженерската служба на Мисијата на ОН во оваа држава.

Анита Андреевска Митровска беше убиена во нападот што се случи во неделата на 13.март во Гранд Басам, во предградието на Абиџан, се вели во соопштението од ОН од Бон.

Од Министерството за надворешни работи се уште не се огласија со информација за овој случај. Во меѓувреме, пријателите и познаниците на Андреевска на социјалните мрежи споделуваат пораки на сочувство.

Од ОН велат дека Андреевска Митровска во Брегот на слоновата коска пристигнала лани во декември како менаџер на Кампот. Претходно од 2012 до 2015. година таа работела во Авганистан.

Во терористичкиот напад во туристичкото место Гранд Басам во неделата загинаа 16 луѓе. Одговорноста за нападот за презеде фракција на Ал Каеда.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.