Состојки:
1 кг. пилешки крилца, 1 лажичка црвена пипер, 1 лажичка доматно пире, малку вода, масло, сол и бибер.
Начин на подготовка:
Пилешките крилца посолете ги со сол и бибер.
Доматното пире помешајте го со малку вода, па прелиете ги пилешките крилца.
Посипете со црвен пипер и масло, па добро промешајте.
Наредете ги крилцата во тепсија и печете во рерна на 200 степени, 30 минути.