Градот под Марковите кули доби современ реконструиран дел од улицата „Димо Наредникот“. Во присуство на градоначалникот Марјан Ристески, пред голем број на жители од урбаната зедница и граѓани, вчера беше ставена во употреба улицата „Димо Наредникот“ во должина од 200 м2 и ширина 25 метри.
„Постоечката прилепска улица „Димо Нареднико“ прерасна во модерен булевар со четири коловозни ленти. Овој инфраструктурен проект кој се протега од Основниот суд до градска река опфаќа: пешачки и велосипедски патеки покриени со бекатон плочки, осветлување долж целата траса и среден разделен појас“, посочи Љупчо Митрески раководител на патна инфраструктура во општина Прилеп.
Претседателот на УЗ „Бончејца“, Ивица Ангелески посочи дека со овој инфраструктурен зафат значително ќе се подобри безбедноста во сообраќајот како на возачите така и на пешаците.
Градоначалникот Марјан Ристески истакна дека и понатаму ќе продолжи реализиацијата на уште неколку поголеми проекти поврзани со улиците во градот. Ќе започне реконструкцијата на улицата 11-ти Октомври од кружниот тек кај „Солидност“ се до мостот Табана, изградба на нова улица „Кеј 1-ви Мај“ која ќе се протега од старата автобуска станица до железничкиот мост во населбата Сточен пазар и секако по поврзувањето на канализационите системи ќе следи и комплетна рекострукција на улицата „Александар Македонски“.