После 1200 години под вода, пронајден древниот град за кој се сметало дека е само мит (ФОТО+ВИДЕО)

Teнка е линијата која ја дели митологијата од реалноста. Археолозите веруваа дека древните градови како Ура или Троја биле само легенда, додека истите не биле пронајдени.

Градот Хераклион-не треба да се помешува со градот Ираклион кој е најголемиот град и административен центар на островот Крит – туку тоа е уште еден древен град кој е бил обележан само како мит.

Со стотици години сметан како митски град, Храклион бил проголтан од Средоземното море и бил затрупан со песок цели 1200 години.

За разлика од Вавилон, Помпеја или легендарниот изгубен град Атлантида, малку луѓе денеска имаат слушнато за Тонис-Хераклион.

Древниот град Хераклион им бил познат на голем број древни грчки филозофи, меѓу кои и Херодот, кој го споменувал овој град во бројни свои записи, иако постоењето на овој град не било докажано се до деветнаесеттиот век.

Исто така познат како Тонис, градот и припаѓал на древната египетска цивилизација, а неговото значење особено пораснало за време на последните денови на фараоните. Градот бил главен центар во Египет за меѓународна трговија и наплата на данок.

Овој град бил основан пред речиси 3.000 години, 32 км северо-источно од Александрија. Денеска и понатаму е потопен на 45 метри под вода, токму таму каде што се наоѓа заливот Абоукир.

Неговата убавина со векови е воспевана во неверојатните приказни. Со векови се сметало дека овој град е легенда како и Атлантида. За Хераклион се вели дека бил богат град, а го посетиле дури и Хелена Тројанска и нејзиниот љубовник Парис.

Досега експертите пронашле голема статуа од 5 метри и стотици мали статуи од помали богови ширум морското дно.

Едно од најзначајните откритија е величенствена црна плоча во висина од два метри, со совршено зачувани хиероглифи од почетокот на четвртиот век пред новата ера.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.