Новинарот од Прилеп, Огнен Јанески после една деценија се одјави од контактната емисија “Очи во Очи” на ТВ 24.
-Емисијата ,,Очи в Очи” започна пред 10 години, на 8 мај 2013 година. По 10 години во оваа емисија, а 15 години откако започнав да водам контактни емисии, време беше една оддишка да се земе од нив и да се одмори од фразите ,,Ве молам, намалете го тонот на телевизорот” и ,,Зборувајте на темата”.
Што сè не поминавме заедно во емисијата #ОчиВОчи – од најпозитивниот до најнегативниот екстрем. Од најголемите среќи и најдлабоките таги, споделени по сите основи – лично мои, лични од гледачите, општествено важни и животопроменувачки.
Не мислев дека дотолку ќе се вгнезди еден ваков формат на емисии, но, циклусот на кругот на животот треба да се затвори како што и започнал. Најголемите умови во историјата рекле дека треба да знаете кога да се повлечете при успехот, и можеби времето за некого е задоцнето, но, секој си го следи својот пат.
Телевизија 24, преку оваа емисија обезбеди стандарди за гледачите кои претставуваа сè што нашето општество е. И токму тоа беа едноставните причини за постоењето на емисијата – почитување, слушање, коментирање, фокусирање и одржување.
Ви благодарам што емисијата ја направивте да биде на тој пиедестал на кој вие ја поставивте, и што ми бевте водилки во текот на моето битисување низ неа.
Денеска, 10 и пол години подоцна, а 10 ефективни за мене, конкретно од оваа емисија се одјавив, а и јас си дадов за право да си го кажам своето мислење (иако повеќе од две минути) наспроти тоа што секогаш велев дека е неважно моето, и тоа е за гледач(к)ите. – напиша Јанески на својот ФБ профил.
https://www.facebook.com/photo/?fbid=2560814070738964&set=a.101493003337762