Големиот пожар кон вчера попладнето изби во близина на прилепското село Мало Рувци, утрово е ставен под контрола. Во големата огнена стихија изгореа неколку куќи во селото Мало Рувци, како и трпезаријата од селската црква. За среќа се работи за куќи кои се или напуштени, или нивните сопственици ги користеле како викендици, па нема човечки жртви.
Огнот зафати и огромна површина со трева, а наместа гореше и борова шума. Должината на протегање на огнената стихија беше од Мало Рувци, па се до Канатларци, а огнот опасно се закануваше да се прошири и кон Штавица.
Во гаснењето освен екипи на ТППЕ, се вклучија и повеќемина доброволци, како и вработени во јавните градски претпријатија. Гаснеше и градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, кој апелира да не се пали оган во шуми и да престане палењето на стрништа од поединци.
Јовчески информира дека состојбата е сега ставена под контрола и пожарот е целосно локализиран.