После трансферот на Касемиро, Манчестер со 100 милиони тргнува по овој играч

Новинарот Санти Ауна објави дека Манчестер јунајтед ќе понуди 100 милиони евра за ангажман на Антони од Ајакс, Бразилецот треба да биде вториот голем трансфер по Касемиро од Реал Мадрид.

Касемиро е пред преселба на Олд Трафрод во зделка вредна околу 70 милиони евра, но „ѓаволите“ нема да застанат тука и сакаат да реализираат уште една трансфер бомба до крајот на преодниот рок.

Анатони од Ајакс е желбата на Ерик тен Хаг, клубот од Амстердам веќе одби предлог вреден 80 милиони евра, но Манчестер јунајтед не се откажува бидејќи Бразилецот сака да им се придружи.

Новинарот Санти Ауна објави дека „ѓаволите“ ќе понудат 100 милиони евра, односно 80 милиони евра како фиксен дел, плус додатни 20 милиони евра во бонуси и овој предлог може да биде прифатен од Ајакс, шампионот на Холандија веќе мисли на ангажман на Хаким Зијеш.

Во меѓувреме, Антони денеска не тренираше со останатиот дел од тимот, одредени извори пишуваат дека Бразилецот на овој начин врши притисок за трансфер на Олд Трафорд.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.