Филмот „Утре наутро“ во режија на Јани Бојаџи после четирите распродадени сали во Скопје, премиерно ќе биде прикажан на 06.декември во киното Браќа Манаки во Битола. Сценариото и режијата се на Јани Бојаџи. Во главните улоги сe: Нина Деан и Ирена Илиевска, а останатите улоги ги толкуваат: Гоце Андонов, Јана Никодиновска, Кети Дончевска Илиќ, Бајрам Северџан, Горан Стојаноски, Васил Зафирчев, Роберт Вељановски, Благој Веселинов, Јана Вељановска, Димитрина Мицкоска. Дел од екипата ќе се поклони пред публиката во Битола.
Се работи за политичко социјална драма во која режисерот ги опсервира луѓето кои ги носат одлуките со чии последици се соочуваме сите ние. Приказна инспирирана од вистински настани кои се случиле меѓу 2014 и 2017 година, посебно 27 април 2017, ден што засекогаш ја смени нашата современа историја. Судир меѓу идеалите и реалноста; границата помеѓу вистината, лагата и совеста. Центар на филмот е актерот и неговата човечност. „Утре наутро„, филм што не се гледа лесно, но се памети долго.
„Посветен е на сите оние жени во Македонија кои се подготвени да ги одбранат семејствата и заедницата на која се посветени “, истакнува режисерот.
Продуцент на филмот е Јани Бојаџи, извршен продуцент: Дејан Милошевски, директор на фотографија: Дарио Секуловски, монтажер: Давид Дулев, продукциски дизајнер: Јани Бојаџи, сценограф: Гоце Попов, костимограф: Зорка Тодорова, шминкер: Ирена Сенокозлиовска, композитор: Јани Бојаџи. Продуценти се: Синемон медија фактори, Револушн продакшн во соработка со Алфа Национална телевизија.
Во продолжение официјалниот трејлер од филмот:
























