После нас потоп? Заборавија на фалбите, сега оставаат се’ да се pacпадне – Еве како изгледа комплексот кај прилепското езеро денеска (Фото)

Не поминаа ниту два месеци од завршувањето на проектот ‘Прилепско езеро – нови авантури, нови можности’, а сликата е денеска ваква:

Корпи полни со отпадоци, расфрлано ѓубре насекаде, а уништени се веќе дел од корпите за отпадоци и урбаната опрема.

Се’ уште актуелните локални власти настојуваа овој проект да биде клучен во нивната предизборна кампања, правеја фотосесии, плаќаа реклами на социјалните мрежи…

Вкупната вредност на проектот изнесуваше 49.5 милиони денари, од кои 6 милиони беа учество на Општина Прилеп, а останатите со поддршка од Европската Унија.

Локалната самоуправа потенцираше дека комлексот ќе биде заштитен со чувари и видео надзор, но и покрај тоа истиот веќе почна да се уништува.

Дали причина за оваа негрижа е промената на локалната власт, па се уште актуелниот градоначалник од СДСМ и директорите на јавните претпријатија заборавија на фалбите пред јавноста со овој проект, кој патем е еден од ретките реализирани во изминатите 4 години во Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.