После двајцата Грузијци, пристигна и третото засилување: Младиот прилепчанец Сашко Манчески потпиша за РК Прилеп

После ангажманот на искусните Горан Кузманоски, голманот Зураб Цинцадзе и крилото Реваз Чантурија денес Прилеп се засили со млад и надежен прилепски ракометар.

Денеска беше потпишан договор со младиот ракометар Сашко Манчески.

Станува збор за голем талент на градот Прилеп, се надеваме во иднина и на македонската репрезентација.

Манчески беше ангажиран по иницијатива на Горан Кузманоски кој ги препозна неговите квалитети и способности.

Манчески е млад ракометар роден 2003-та година, доаѓа од екипата на Рк Макалоски, игра на позицијата кружен напаѓач и се разбира дека ќе биде освежување и од големо значење за тимот на Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.