Последна вест: И во Крушево лоша ноќ за девокрадците. МВР апси криминалци!

При заедничка контрола составена од припадници на МВР, шумската полиција и вработени во ЈП “Македонски Шуми” од подружницата во ПШС Крушево, во текот на денешниов празничен ден, по однапред сработени материјали, откриена е група која без соодветна дозвола посекла поголема количина екстра дабови огревни дрва на границата помеѓу подружниците Крушево и Демир Хисар – напиша на социјалните мрежи заменик директорот на Македонски шуми, Кире Михаилов.

-Дрвата се конфискувани, а за стореното кривично дело се собрани сите потребни докази и се започнати сите постапки со цел докажување на истото!

Јавно, јасно, недвосмислено и безрезервно влегуваме во отворена војна со шумската мафија која во минатото направи пустош во природата низ цела МАКЕДОНИЈА‼️

Исто така, оваа шумска мафија во договор со претходните раководства во изминатите седум години успеа претпријатието ЈП “Македонски Шуми” да го клекне на колена и да го донесат до питачки стап со милионски неисплатени плати и најразлични други долгови и обврски‼️
Приказните КАКО ДО СЕГА се завршена работа, отворивме ново поглавје во историјата на шумарството во МАКЕДОНИЈА
– пишува Михаилов.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.