Градоначалникот Марјан Ристески, ја посети подрачната единица на Македонија пат кои и оваа зима се подготвени за доаѓањето на првиот снег. Од подрачната единица на Македонија пат соопштуваат дека е подготвена целата механизација која доколку е потребно ќе интервенира за новогодишните и Божиќните празници за да им обезбеди проодни патишта на граѓаните на Прилеп и околината, како и на сите кои сакаат најлудата ноќ да ја поминат во Прилеп. Воедно посочија дека набавени се 200 тони сол и 400м3 ризла. Градоначалникот Ристески посочи дека соработката со Македонија пат продолжува и понатаму, а за најмладите како секоја година така и ова, Дедо Мраз обезбеди новогодишни пакетчиња.