Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, денеска оствари средба со претставници на АРМ во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп. На средбата било разговарано за околу функционирањето на касарната и идната соработка на касарата и АРМ со локаланата самоуправа.
„Досега имавме одлична заеднична соработка и многу заеднички акции, особено околу справувањето со поплавите и поплавените подрачја во претходниот период. Исто сакам да напоменам дека касарната не само од безбедносен аспект влијае врз Прилеп и целиот регион и од економски аспект. Тука има околу 350 до 400 војници кои земаат плата и придонсуваат за развој на локалната економија. Благодарност до Владата и Министерството за одбрана кој што после повеќе години на пауза ја вратија војската во Прилеп“, посочи Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.