Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков откри дека Владимир Путин за време на долгите летови времето го поминува читајќи медиуми, но и работејќи со документи.
“Претседателот постојано добива голем број на документи, па времето кое го има за време на долгите летови го поминува потпишувајќи декрети и налози”, вели Песков.
Портпаролот објасни дека такви документи од претседателскиот кабинет излегуваат секојдневно, а нив ги потпишува претседателот.
Путин исто така гледа телевизиски програми подгорвени специјално за него, а дел од времето користи за читање книги.