На скопската обиколница, кај клучката Визбегово, сообраќајна несреќа преживеа поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ. На пат кон хотелот, со кола на хрватската амбасада, дошло до судир со друго возило со скопски регистерски таблички, а во судирот нема повредени лица.
Возилата се отстранети од автопатот веднаш откако полицијата направила записник. Според информациите, Месиќ допатувал во земјава за да присуствува на конференција, на која е најавено присуство и на други поранешни претседатели од регионот.