Поранешниот почесен конзул на Македонија во Тусон, Аризона, САД , Џејсон Мико, го развиори сонцето од Кутлеш на врвот Монт Рајтсон на планината Санта Рита, највисоката точка во Јужна Аризона.
“Славејќи го Денот на независноста на Република #Македонија цела седмица – тука, на врвот Монт Рајтсон на планината Санта Рита, највисока точка во Јужна Аризона на 9.456 стапки (2.882 метри). Да живее Македонија!”, напиша на Твитер поранешниот почесен конзул на Македонија, кого сегашната Влада го разреши во февруари оваа година.
Џејсон Мико на таа позиција беше од 2013 година.
Celebrating Independence Day of the Republic of #Macedonia all week long – here at the top of Mt. Wrightson in the Santa Rita Mountains, the highest point in Southern Arizona at 9,456 feet (2,882 meters). Long Live Macedonia! Да живее #Македонија! pic.twitter.com/WhNcy0t1M1
— Jason Miko (@JasonMiko) September 4, 2018