Поранешниот голгетер и македонски репрезентативец од Прилеп, доби признание за најдобар тренер во Австрија

Австрискиот клуб Мауерверк кој се натпреварува во австриската регионална лига -Исток, а чиј предводник е екс македонскиот репрезентативец од Прилеп, Илчо Наумовски, бележи големи успеси на стартот од првенството.

Пред паузата, Мауерверк има запишано десет победи, две ремија и четири порази, а тоа не Наумовски му донесе признание за најдобар тренер во оваа лига.

Третолигашот на нашиот прилепчанец во моментов е на третото место на табелата и покрај тоа што такво нешто не се очекуваше на стартот на сезоната.

Наумовски првиот тренерски ангажман го имаше во екипата на Динамо Врање, каде беше во улога на асистент, а зад себе има и ангажман како предводник на екипата на Локомотива во Македонија и во Академијата на Нанџинг во Кина.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.