Поразителна статистика: Податоците на ДЗС покажуваат дека за една година се затворени 14 училишта

Податоците покажуваат дека за една година се затворени 14 училишта, објави ДЗС.

Бројот на ученици во редовните основни училишта на крајот на 2022/2023 година е намален за 1,4 проценти, а бројот на ученици во средните училишта за 3,9 проценти во однос на претходната учебна година, покажуваат податоците објавени од Државниот завод за статистика.

Според статистичките податоци, во учебната 2022/2023 година во основните училишта имало вкупно 182.245 ученици, а во средните училишта 66.678 ученици.

Податоците покажуваат дека за една година се затворени 14 училишта.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.