Слепата пророчица Баба Ванѓа заради едно од нејзините предвидување дека „Барак Обама ќе биде последниот американски претседател” денес е главна тема во голем број странски медиуми. Daily Mail исто така потсетува дека Ванѓа го предвиде нападот на Светскиот Трговски Центар во 2001 година и наглото зголемување на исламска држава.
Ванѓа, исто така, наводно, имаше предвидено и дека 44-от претседател на САД ќе биде Афроамериканец, но не е јасно што тоа значи, кога таа вели дека тој ќе биде последниот американски претседател. Страница Prophecies (Пророштва) пишува дека Ванѓа почина во 1996 година на возраст од 85 години, и нејзините предвидувања се покажаа како точни во 85 отсто од случаите.
Затоа, според пророштвата на баба Ванѓа 44-от претседател на САД ќе биде црнец, и ќе биде последен. Таа рече дека во времето на неговиот влез во Белата куќа, светот ќе биде зафатен од огромна економска криза.
“Сите ќе се надеваме дека тој ќе придонесе за крај на кризата, но напротив, ќе се случи спротивното. Тој ќе ја води земјата до дното, а конфликтот на север и на југ ќе се зголемува”, рече таа.
Таа зборуваше за лицето на Месијата, но не каже многу за тој миротворец кој ќе се стави крај на војните и ќе потпише постојан прекин на огнот.
Ванѓа за време на нејзиниот живот предвиде стотици пророштва, вклучувајќи го и она дека ќе се случи големата муслиманска војна, што ќе почне во Арапската пролет 2010 година. Таа предвиде дека војната во Сирија ќе заврши 2043 година, со воспоставување на калифат во чиј центар ќе биде Рим.
Според нејзините пророштва Европа ќе престане да постои следната година, овој континент ќе остане “речиси празен”, и дека празниот простор тешко дека ќе го исполни било каква форма на живот. Нејзините морничави пророштва, теоретичарите на заговори ги поврзуваат со присуство на активисти на ИДИЛ (ISIL) во Европа и Либија.
Меѓу нејзините минати пророштва било и она за “двете челични птици”, кои ја нападнаа Америка, која беше изречена во 1989 година, а многумина го сметаа тоа предвидување за двата киднапирани авиони кои удрија во Светскиот трговски центар. Исто така, таа го привлече вниманието на климатските промени и топењето на ледени подрачја што предизвикува зголемување на нивото на океаните.
Баба Ванѓа е родена во Струмичко, без вид останува во својата младост, кога наводно, била зафатена од силен ветер кој ја кренал во воздух и ја фрлил на земјата. Тогаш таа почнала да ја предвидува иднината, поради што и се збогатила и, наводно, нејзини совети барале политичарите од целиот свет.
Извор: Струмицаонлајн