Популарната пејачка ќе мора да плати 2,78 милиони долари за плагијат: Светски познатиот хит е плагијат! (Видео)

Судот во Лос Анџелес донесе пресуда дека пејачката Кејти Пери и нејзините коавтори ќе треба да платат 2,78 милиони американски долари обештетување на христијанскиот рапер чија песна беше искористена во спотот „Dark Horse“, пренесуваат светските агенции.

Едногласна одлука на жирито доаѓа пет години откако Маркус Греј и двајцата коавтори ја тужеа, обвинувајќи ја Пери дека ритамот и инструменталниот дел од нејзината песна „Dark Horse“ се украдени од „Joyful Noise“ – на Греј објавена во 2008 година.

„Dark Horse“ стана еден од главните хитови на пејачката од нејзиниот албум „Призма“. Композицијата остана четири недели на врвот на хит-парадата на списанието Билборд, а во 2015 година беше номинирана за Греми награда во категоријата Најдобри поп перформанси во Дует или Група.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.