Попладне нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Претежно во источните делови процесите локално ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. УВ-индексот ќе има вредност 5.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 29 степени.

Според прогнозата на УХМР, и во недела времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, на места со поинтензивни процеси во форма на невреме со силен ветер и појава на град.

-Потоа следува сончево и топло време со мала до умерена облачност, попладне со изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.