Попладнево пресврт со времето: На места во Македонија се очекува пороен дожд и грмежи

Времето претпладне беше сончево со мала облачност, а од пладневните часови претежно во планинските региони ќе има зголемена облачност и со нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер најизразен на југот од земјата.

Минималните температури се движат во интервал од 14 до 21, а дневните од 30 до 38 степени целзиусови. УВ индексот ќе достигне до 8.

Во Скопје попладнево ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната Максималната температура ќе достигне 35 степени.

Во наредниот период времето ќе се задржи топло, во претпладневните делови од денот ќе биде претежно сончево, а во попладневните часови ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд, локално само понекаде проследен со грмежи. Малку посвежо ќе биде во понеделник.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.