На вчерашната прес-конфереренција во Владата, до министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска беше упатено прашање зошто е тргната минималната плата како еден од индикаторите за пресметка на усогласувањето на пензиите?
-За да не мора да ја поместиме старосната граница на 67 и за да не мора сосема да ги замрзнеме пензиите, истакна Царовска.
Имено пред СДСМ да ја превземе власта, односно во нивната програма за живот 2016 стои ветување дека ќе воведат можност за предвремено пензионирање до максимум 5 години.
Предвидениот низок раст на пензиите исто така овие денови е главна тема по медиумите.
Во анализа на “Алфа Телевизија” се вели:
Пензиите минимално ќе се растат откако власта го смени законот за да ја избегне обврската за пензионерите да одвои повеќе пари, а пензионерите се револтирани бидејќи примањата ќе им растат согласно зголемувањето на трошоците за живот, но не и според просечната плата, како што беше случај изминативе години.
Имајќи предвид дека инфлацијата е ниска, од Сојузот на здруженија на пензионери велат примањата незначително ќе им се зголемат, а јазот меѓу најсиромашните и најбогатите пензионери уште повеќе ќе се продлабочи, објавува Алфа.
Пензионерите сметаат дека власта побрзала на крајот на декември да го смени законот и тоа токму во годината кога просечната нето плата пораснала за 5.7%, што значи дека ако се останело по старо пензиите би се зголемиле многу повеќе. Велат до крајот на месецов ќе му предложат на министерството за труд вонредно да ги зголеми најниските пензии, затоа што во моментов многу пензии се пониски од износот на социјална помош.
Од министерството за труд, пак потврдуваат дека пензиите ќе се усогласуваат редовно два пати во годината, но само согласно растот на трошоците за живот.
„Исто така воведена е законска одредба за усогласување на пензиите од 1 април, доколку бруто домашниот производ во претходната година има реален пораст повеќе од 4%“ – велат од министерството за труд.
Со години наназад Македонија никако не може да достигне економски раст од 4 отсто. Последен пат ова се случи во 2008 година кога реалниот пораст на БДП изнесуваше 5.5%. Лани просечната пензија во земјава изнесувала 14.421 денар, но дури 170 илјади пензионери имале пониски примања од просекот. Според последните податоци, 7.7% од пензионерите и покрај примањата живеат во сиромаштија.
Реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ:
Власта крати од пензионерите за да има повеќе пари за министрите, обвинува опозицијата. Оттаму велат дека последните законски измени со кои пензиите ќе растат само според растот на трошоците на живот, но не и според просекот на плати во земјата ја отсликува македонската економија. Вицепремиерите од месецов ќе добиваат по околу осум илјади денари повеќе. Од Владата велат дека покачувањето, всушност, било терминолошко усогласување со Законот за Влада.
Две години со криминогената хунта нема пари, нема зголемување на пензиите, а сега и директно ќе земаат од пензионерите. Криминогената хунта во владата не пропушта да си ги качи платите на министрите, не пропушта да дозволи поголеми плати на административците кои одработуваат за нив, не пропуштаат тендери и државни фондови, ама за пензионерите пари нема, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
За крај се сеќаваме како дел од прилепските пензионери повикуваа да се гласа на референдумот за промена на името за да се обезбедела подобра иднина: